Кошаркарската репрезентација на Шпанија конечно се разбуди на турнирот во Рио, играјќи во голем стил натпреварот против единствената непоразена репрезентација во групата Б, Литванија. Избраниците на Серџо Скариоло имаа неверојатна вечер и славеа со 50 поени разлика (109-59), но и понатаму им „виси“ настапот во нокаут фазата.
Во последното коло ќе играат со Аргентина и со евентуална победа . Пау Гасол со 23 поени и Миротиќ со 17 постигнати кошеви беа најефикасни во таборот на „црвената фурија“.
Хрватите сами си го закомпликуваа животот во групата. Кошаркарите кои ги предводи Александар Петровиќ загубија од Нигерија (76-90). „Коцкестите“ беа очајни во вториот и во третиот период и ги загубија со вкупно 21 поени разлика (11-22, 17-27), а потоа не можеа да се вратат во игра на овој меч. Најрасположен кошаркар на теренот беше Бојан Богдановиќ со 28 поени, но немаше расположени соиграчи, наспроти петмина Нигеријци кои имаа двоцифрени бројки кога е поентирањето во прашање.
Со овој пораз може лесно да се случи Хрватска да биде елиминрана уште во групната фаза и двете победи на стартот против Шпанија и Бразил да немаат резултатско значење.
Во пресрет на последното коло, Аргентина и Литванија имаат ефект 3-1 (победи – порази), Шпанија и Хрватска се на 2-2, додека Бразил и Нигерија имаат по една победа и три порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.