| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието расправа за поплавите

со

Собранието на Република Македонија со едноминутно молчење во знак на почит за загинатите во невремето и поплавите, ја започна денешната седница со единствена точка Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

Седницата се одржува на предлог на пратеничката група на СДСМ, а нејзиното одржување беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО­ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Владата до Собранието испрати Извештај за активностите на Системот за управување со кризи, во врска со Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на врнежи и поплави на дел од територијата на Република Македонија и преземените активности од надлежните институции во подрачјата опфатени со поплавите. Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top