| четврток, 6 декември 2018 |

Ставени под напон сите трафостаници во најпогодените подрачја од поплавите

­

трафо

ЕВН Македонија соопшти дека ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион.

-Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија- поосочуваат од ЕВН.

Воедно се наведува дека кај околу стотина корисници по нивно барање се уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и домови се под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација. За овие корисници и натаму важи апелот да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли.

-Апелираме овие инструкции да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри зидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија. ­ Екипите на ЕВН ќе останат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема. Заради точно информирање потенцираме дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга. Оттука, како невистинити и тенденциозни ги сметаме сите информации што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното-

стои во соопштението. Од компанијата истакнуваат дека нивни екипи со сите расположливи капацитети ќе работат на терен и во следните денови, за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди нормално снабдување со електрична енергија во сите населени места погодени поплавите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top