| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот во швајцарскиот воз бил „Од страст“

Швајцарската полиција не нашла поврзаност на нападот на 27-годишниот Швајцарец од саботата во воз во кантонот Сент Гален во кој беа повредени шест лица, со тероризам но не e исклучена можноста дека станува збор за страст како мотив.

Портпаролот на полицијата на кантонот Сент Гален изјавил дека мотивите за нападот уште не се познати, но дека е малку веројатно дека станува за тероризмот. „Тероризмот се чини е многу многу малку веројатен мотив“, изјавил портпаролот Брунo Мецгер за електронското издание на германскиот дневен весник Welt.

Мажот вооружен со нож и запалива течност рани во возот на релација од Бушс и Сенвал кој влегувал во станицата во градот Селез во раните попладневни часови во саботата. Повредените лица се здобиле со изгореници и убодни рани од нож, и се пренесени во неколку болници. Самиот напаѓач, исто така, е ранет и е хоспитализиран. Но нема информации за неговата состојба и на кој начин бил ранет.

Швајцарските медиуми претходно објавија дека настрадале шестгодишно дете, три жени на 17, 34 и 43 години, и двајца мажи на 17 и 50 години.

На местото на нападот пристигнаа полицајци и пожарникари, како и возила на итната помош и хеликоптери. Штетата е проценета на 92.000 евра.

Нападот се случи во атмосфера на силна напнатост во Европа предизвикани со бранот слични напади извршени последните месеци, два од нив беа во воз во Германија во јули и во Франција лани, а за кои одговорност ја презема џихадистичката организација Исламска држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top