| четврток, 6 декември 2018 |

Млада пејачка ја крие бременоста

Млада пејачка ѕвезда ја крие бременоста. Дуња Поповиќ која се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ се обиде да ја сокрие оваа вест, но српските медиуми ја открија новоста.

Таа е во трет месец бременост, а татко е нејзиниот долгогодишен партнер, адвокат кој не се експонира во јавноста.

Тие од неодамна се верија, а се очекува и венчавка.

72372_dsc-0008_ahfИнаку, Дуња во еден настап во натреварувањето во пеење носеше бел фустан и изгледаше како невеста, а сега весниците тоа го коментираат како „генерална проба“.

За потсетување, Дуња Поповиќ предизвика големо внимание на медиумите кога го напушти натпреварувањето, по навредата од Марија Шерифовиќ. Поповиќ не сакаше да премине преку навредите и ја напушти сцената среде шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top