| четврток, 6 декември 2018 |

„Актива“ ќе ја отвори својата втора фабрика

Фокусот на отворање на нови работни места мора да остане се додека невработеноста не падне барем на просекот на ЕУ во најмала рака, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на ТВ Сител.

-Има одреден број на луѓе кои што целосно остануваат фокусирани на економијата. Има и нови најави во тој дел, деновиве бев информиран дека компанијата „Актива“ од Штип, која меѓудругото работи за „Ван Хул“, негов партнер во изработката на делови за автобуси кои се произведуваат во фабриката на „Ван Хул“ во Скопје веќе добива нова нарачка од „Ван Хул“, затоа што „Ван Хул“ од неодамна почна да гради втора фабрика во Скопје, така што и „Актива“ некаде од септември ќе почне да гради втора фабрика, веројатно во близина на Штип каде што е нивната прва фабрика. Тоа е одличлна вест. Истовремено добив и информација дека добиле уште една линија за преработка на лим, која што досега „Ван Хул“ ја увезувал од Белгија, сега таа линија во иднина ќе ја има „Актива“ така што тоа е можност за дополнително проширување односно отворање на нови работни места во Македонија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top