| четврток, 6 декември 2018 |

Отец Бобан: Внимавајте, измамници собираат донации во име на МПЦ

Непознати лица претставувајќи се во име на МПЦ собирале донации по куќи и станови во Скопје за поплавените подрачја. Станува збор за измама, на која предупредува Скопската епархија. МПЦ посочува дека донациите кои се собираат се исклучиво во храмовите.

otec-bobi

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забележани се примери, како поединци во името на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или некој храм при МПЦ-ОА, собираат по домови донации за настраданите во поплавите, велејќи дека се испратени од некој храм или свештеник. Вашите донации се примаат само во храмовите, напиша на фејзбук, Отец Бобан Митевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top