| четврток, 6 декември 2018 |

Одлука на Мила и Ештон го шокира светот, еве што направи парот за своите деца

Холивудската актерка Мила Кунис признава дека еден важен аспект од воспитувањето на нејзините деца секојдневно ѝ е во мислите.

Иако Мила Кунис има доволно пари за на своите деца да им обезбеди безгрижна иднина, актерката признава дека по никоја цена не сака да ги разгали. Мила и нејзиниот сопруг, актерот Ештон Качер, го чекаат своето второ дете, а во октомври 2014 година им се роди ќерката Вајат.

И двајцата денес се богати и успешни актери, но не било отсекогаш така и токму затоа не сакаат да ги воспитуваат своите деца како привилегирани припадници на општеството.

„Темата за која разговаравме и пред да имаме деца беше како да го воспитаме сопственото дете за да не биде размазено. Нам тоа ни е многу важно бидејќи и двајцата доаѓаме од сиромашни семејства, пораснавме во сиромашно окружување, сами ги заработивме своите пари и многу сме свесни за вредноста на секој долар. Никој никогаш ништо не ни дал“, раскажала Мила во интервјуто за австралиската радио станица KIIS 1065.

„Нашите деца нема да знаат како е тоа. Од една страна, убаво е да не знаат што значи да се има само супа од кечап за вечера, но од друга страна, нема да знаат како навистина да го ценат она што го имаат. И затоа, од најрана возраст сакаме да ги научиме дека мама и тато имаат пари, но тие немаат. Мама и тато се богати, но вие сте сиромашни“, изјавила актерката.

Мила и Ештон се само едни во низата богати и славни личности кои со одредени образовни мерки одлучиле да им покажат на своите деца што значи со сопствени раце да се заработува за живот.

Соочени со разните барања на нивниот најстар син, Викторија и Дејвид Бекам му рекле да си најде работа и самиот да го заработи џепарлакот. Така, тогаш 15-годишниот Бруклин за викендите работел во едно лондонско кафуле.

На ист начин своите деца ги воспитуваат и Барак и Мишел Обама. Нивната 15-годишна ќерка Саша ова лето работи како келнерка во ресторан, а родителите ја мотивирале да најде летна работа во желбата да има што понормално растење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top