| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓулен се огласи: „Ќе се вратам во Турција, но имам еден услов“

-Упатувам апел до турските власти и ветувам целосна соработка. Барам независна меѓународна комисија да спроведе истрага за обидот за државен удар, пишува Ѓулен во францускиот дневен весник.

Според официјална Анкара, која од Вашингтон бара екстрадиција на Ѓулен, тој турски имам бил мозокот на неуспешниот пуч во кој беа убиени 273 лица, а 2.000 се приведени.

Некогашниот имам и натаму негира било каква вмешаност во пучот кој го нарекува „најлош терористички чин“ извршен на турско тло.

– Ако десетината обвиненија кон мене се покажат оправдани, ветувам дека ќе се вратам во Турција и ќе се согласам на најтешката казна, стои во текстот.

– Но, ако војниците кои тврдат дека се приврзаници на Хизмет (движењето на Ѓулен) се вмешани во оваа завера, го кажувам ова без грижа на совест… станува збор за престапници кои го доведоа во опасност единството и интегритетот на земјата, лица кои го издале мојот идеал. Нега ги казни Бог, напишал Ѓулен и додал дека „цел живот се бори против воени интервенции“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top