| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: Состојбата значително се подобрува

-Во моментов состојбата можам да кажам дека значително се подобрува, се вложуваат максимални напори, институциите на системот функционираат. На ниво на влада беше донесена одлука, прогласена е кризна состојба, формиран и активиран е кризниот менаџмент“, изјави за Телевизија Нова министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Чавков вели дека има навистина значителен напредок во однос на расчистувањето и санирањето на последиците од природната катастрофа и во рамките на кризниот менаџмент покриени се практично сите подрачја кои се зафатени од природната катастрофа.

-Заедно со останатите институции на системот и со месното население, со волонтери, работевме максимално интензивно, што се вика деноноќно, и учествуваме во санирање на останатите штетни последици, рече Чавков.

Министерот потенцираше и дека специјалните единици на МВР беа вклучени во спасувачки мисии ноќта на поплавите и следниот ден со специјализирана опрема и со специјални возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top