| четврток, 6 декември 2018 |

Естрадата пееше и донираше за поплавените

Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигаа и од странските туристи.

Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан.

Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја.Освен паричните донации, се собраа и доста материјални средства кои во моментов се неопходни за загрозените семејства.
Capture2

Нешто подоцна хуманитарен концерт во „Кадмо” одржаа Тајзи и Спејко кои исто така целиот хонорар и собрани средства од настанот го донираа за поплавените подрачја.

Викендов продолжува хуманитарната акција во Охрид. Дел од собраните средства од концертот на „Продиџи” ќе бидат пренаменети за донации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top