Надлежните апелираат жителите на скопското село Стајковци, кои беа најмногу погодени од поплавите, да се евакуираат додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови.
Од инситуциите порачуваат жителите на Стајковци да се сместат во домови на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде, да се обратат кај службениците од Министерството за труд и социјална политика кои се наоѓаат на терен.
Надлежните апелираат жителите да го напуштат селото, за истото да може што побрзо да се дезинфицира.
Од Црвен крст на Македонија објасуваат дека не станува збор за класична евакуација, туку за јавна препорака од Министерството за здрвство одредени категории лица да го напуштат теренот.
– Станува збор за лица до 14 години, инвалиди, бремени жени, стари и изнемоштени лица над 70 години, лица со пречки во развојот, ако е возможно да заминат од теренот. Останувањето е право на личен избор – изјави за „Република“ д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на Македонија.
Тој објаснува дека екипите на Црвен крст веќе сместиле 153 лица од погодените подрачја од поплавите во Скопско во студентски домови.
– Секој ден сме на терен и дневно се делат шест илјади оброци и пакети со продукти за лична хигиена. Посредуваме и при делење на инсулинска терапија. Дополнително ја распоредуваме и хуманитарната помош – вели Саити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.