| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот Џејмс доби 100-милионски договор од Кливленд

lebron dzejms

Во наредните неколку дена најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс ќе стави потпис на договорот вреден 100 милиони долари.

Леброн Џејмс и официјално се договори со Кливленд, а раководството на НБА- шампионот го награди својот најдобар играч со рекордна сума за плата во една сезона. Имено, Џејмс во следните три сезони ќе заработи дури 100 милиони долари, а со платата од 31 милион долари во првата година тој првпат во кариерата ќе биде најплатен кошаркар во НБА во една натпреварувачка сезона.

– Јас секогаш велев дека останувањето во Кливленд не е доведено во прашање. Со овој договор само се потврдуваат моите зборови, нормално дека сум пресреќен – изјави 31-годишниот Леброн Џејмс.

Леброн се врати во Кливленд во 2014 година, а сезонава оствари фантастичен успех предводејќи го својот тим до титулата, симнувајќи го од тронот составот на Голден стејт вориорс. Џејмс беше избран за МВП на финалната серија откако го предводеше својот тим до историско враќање, стигнувајќи до титулата по камбек од 1-3 и конечен триумф од 4-3 во победи над „воините“ предводени од Стеф Кари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top