| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредното прскање против комарци одложено за утре поради силниот ветер

prskanje-komarci

Град Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложи закажаната авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на поплавеното подрачје, којашто требаше да се реализира денеска.

– Вонредното прскање коешто ќе се изврши заради настанатата состојба во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре, 13.08.2016 година, сабота, во периодот од 5 до 9 часот доколку времските услови го дозволат тоа – информираат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top