Европската унија мора да прифати „демократска дебата“ или во спротивно сонот за интеграција на континентот ќе доживее неуспех, предупреди претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Оваа порака Баросо ја упати кон евроскептиците кои добиваат се поголема поддршка во анкетите во одредени делови на ЕУ по избивањето на финансиската и должничката криза во 2008 година.
– Целосно формирана ЕУ не може да опстане без зрела демократска дебата. Нема друга опција освен демократија, колку и да е тешко да се уверат граѓаните во тоа во време на криза и колку и да е тешко да се објаснат техничките и некогаш непопуларните одлуки. Европа ќе биде отворена или ќе доживее неуспех, рекол Баросо.
Според претседателот на ЕК европската монетарна унија во обликот во кој е создадена и е истечен рокот па поради тоа треба да се разбуди и да се усоврши.
Ова не е криза на еврото, туку економска и финансиска криза во поедини земји кои делат иста валута па поради тоа влијаат на еврозоната како целина. Еврото останува веродостојна, стабилна и силна валута, рекол претседателот на ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


