Никола Груевски, лидерот на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ денеска повторно беше на терен и помагаше во расчистувањето на домовите кои беа зафатени од полавата која се случи во скопско на 6 август.
Откако вчера им помагаше на жителите на Стајковци да ги расчистат своите домови по големите поплави, Груевски денеска беше меѓу жителите на населбата Економија во Сингелиќ, што може да се забележи од фотографиите кои жители на ова населено место ги објавија на социјалните мрежи. Повеќе жители објавија фотографии од активноста на Груевски и неговиот тим.
Од објавените фотографии на локални жители, може да се забележи како Груевски и неговиот тим и денеска работат рамо до рамо со настраданите во поплавите и помагаат во расчистување на штетите од природната катастрофа.
–Не се само во Стајковци, дојдоа и кај нас во населба Економија да помогнат, напиша една жителка на ова населено место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)