Цревни и кожени заразни заболувања се регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци, објави специјализираниот портал „Здравство24“.
-Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожени заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е, тоа се бактериски инфекции, вели др. Ангела Мими Христов од Клиниката за Детски болести.
Топлото време е дополнителен проблем за ширење на заразните болести. Епидемиолозите апелираат на одржување на личната хигиена. Засега добра околност за погодените жители е што водата за пиење е безбедна.
-Можат да ја пијат безбедна е, но мора да мијат раце, да не јадат контаминирана храна, вели Михаил Кочубовски од ИЈЗ.
Од Министерството за здравство ќе побараат од Град Скопје дезинсекција на целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.