| четврток, 6 декември 2018 |

И Американците признаваат: Австралија нè намачи, таа е најсериозен кандидат за финалето

kevin durant

Откако кошаркарите на Австралија, прво, буквално, ги испотија НБА-ѕведите, веднаш по мечот добија и признание од Кевин Дурент и од Пол Џорџ како и од селекторот, Мајк Крижевски.

Пред стартот на дуелот со Австралија, селекторот на САД, Мајк Кжижевски нагласи дека за противник има квалитетна репрезентација. „Кенгурите“ ова го докажаа на дело. Одиграа над своите можности и, буквално, беа рамноправен противник на големите американски ѕвезди, беа на прагот на голема победа, но во финишот реагираа избрзано и го загубија мечот.

По завршување на натпреварот, предводникот на „Дрим тимот“ се обиде смирено да ја коментира играта во текот на мечот.

– Победивме една од најдобрите репрезентации на турнирот. Совладавме екипа што би можела…Сигурен сум дека ќе се борат за златниот медал. Играат одлична кошарка. За нас ова беше добра вечер, практично прв вистински натпревар – изјави Крижевски.

И дел од играчите на САД дадоа слични изјави.

– Повторно ќе се сретнеме. Станува збор за кошаркари што играат во НБА-лига, но кога ќе заиграат во дресот на репрезентацијата, стануваа ѕвезди – изјавија Дурент и Џорџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top