| четврток, 6 декември 2018 |

Се шегуваат со својата хуманост: Од Словенија, Хрватска и од Србија тргнал хуманитарен конвој со стотици шлепери полни лајкови

konvoj1

Голем хуманитарен конвој лајкови за настраданите во невремето во Скопје и во Тетово вчера тргнал од Словенија. Со помош му се приклучиле и камиони од Хрватска и од Србија, како и од другите поранешни југословенски републики, пишува сатиричниот „Контрапортал“ (kontraportal), свесен за скромната помош што до сега ја пратија балканските земји за погодените од поплавите во Македонија.

Како што додава порталот, лајковите биле собрани на „Фејсбук“, „Твитер“, „Гугл плус“ и на другите социјални мрежи.

Да се надеваме дека оваа „вест“ малку повеќе ќе ја разбуди хуманоста кај нашите соседи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top