| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби млад политичар (фото)

Членот на претседателство на партијата Истарски демократски сабор (ИДС) и жупаниски началник, Марин Гргета во вчера во текот на вечерта бил пронајден мртов во местото Фунтана на хрватскиот полуостров Истра, пренесуваат хрватските медиуми.

politicar

Според неофицијалните информации на весникот „Гласот на Истра“, Гргета извршил самоубиство, а повеќе детали за трагедијата сѐ уште не се познати.

Гргета бил член на претседателството на ИДС и жупански началник на Управното одделение за децентрализација, локална и регионална самоуправа, просторно уредување и изградба.

Предавањето на листата на коалицијата предводена од ИДС за претстојните парламентарни избори, кое беше закажано за средата утрото во Државната изборна комисија во Загреб е откажано поради трагичните случувања, соопштиле од ИДС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top