Новиот вид на вирусот на птичји грип Х7Н9 во Кина веќе разболе 129 лица, а од него починаа 31 лице.

Вкупно 42 лица се излечени велат кинеските здравствени власти.
Светската здравствена организација изјави дека нема докази дека новиот вид на вирусот, што за прв пат беше откриен кај пациенти во март, може да се пренесува лесно од човек на човек. Кинеските научници тврдат дека вирусот се пренесувал на луѓето од заразени птици. Но, според СЗО, 40 проценти од заразените со Х7Н9, се чини, немале никаков контакт со птици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


