На територијата на Република Македонија во Скопската котлина на 6 август 2016 година има појава на невреме проследено со интензивни врнежи, олуен ветер и многубројни електрични празнења.
Максималната брзина на ветерот е 22,7 м/ѕ (81.7км/h) во 17.30 часот измерена на Главната метеоролошка станица Скопје – Зајчев Рид.
Невремето се случува во текот на пет часа (од 17.20 до 22.10) во два интензивни налети, со кратко 10-20 минутно затишје со врнежи со послаб интензитет.
Вкупната количина на врнежи според дождомер изнесува 92,9 мм. Оваа дневна количина не ја надминува досега измерената есктремна историска вредност од 110,4 мм во ноември 1979 година.
На Главната метеоролошка станица во Скопје на Зајчев Рид е забележан рекорден интензитет на 5-часовни врнежи (од 17 до 22 h) со количество од 94,4 мм.
Историски гледано, речиси двојно повеќе од досега измерената количина за 5 часа од 49,2 мм во 1996 г. на оваа станица.
На метеоролошката станица Скопје Петровец досега е измерено 5-часовно количество од 55,5 мм во 1981 година.
Според анализите направени во согласност со стандардот JUS Ц4.016 Проектирање и градење на патишта – Климатски и хидролошки услови, кој е дополнет со инструкција за задолжителна обработка на интензитет на врнежи, врнежите на 6 август се со рекорден интензитет со веројатноста за ваква појава 0,1% или еднаш во илјада години.
Направена е анализа на податоците од автоматските метеоролошки станици со кои располага Управата за хидрометоролошки работи поставени на Зајчев Рид, Габи Баба и Карпош.
Водостои измерени во 7.30 часот
Забелешка – Охридско Езеро е 6 мм под дозволениот максимален водостој, Дојранско Езеро на 27 cm, под дозволениот максимум, а Преспанско Езеро за да го достигне просекот (период 1961-1990) би требало да се покачи за уште 503 cm.
Во изминатиот период во коритата на реките во близина на хидролошките станици забележани се големи морфолошки нарушувања (природни и вештачки). Поради овој процес, потребно е ревидирање на кривите на протек.
Водостој на површински води претставува ниво на вода, езеро или акумулација и се мери во cm. Водостојот се мери на претходно одредено мерно место за мерење (водомерна хидролошка станица) и тоа во однос на некоја референтна висинска точка (нулта кота), за која претходно е одредена геодетска надморска висина. За мерење се користат водомерни летви, поставени така, при што од нив се отчитува нивото на водата во однос на нултата кота. Водостојот се мери и со автоматски инструменти.
Дното на коритото на реката е променливо и тоа се менува во зависност од брзината на течењето на водата. Со тек на време, со промената на протекувањата и различните брзини на движење на водата, поради појава на големи и мали води, а и поради разни прокопувања низводно по текот, доаѓа до промена на дното на коритото, при тоа можно е водомерната летва да остане на суво или да биде затрупана со речен нанос. Кога коритото е продлабочено можно е водостојот да е релативно низок, но протекувањата да бидат нормални за тој период од годината, а и обратно при насипување, можно е водостојот да изгледа релативно висок, но протекувањата да бидат подпросечен. Водостојот е важен за одредување колку протек поминува низ хидролошка станица, но за да се одреди колку протек точно поминува потребни се чести хидрометриски мерења. На овој начин може да се оформи крива на протек со која би можело точно да се одредуваат протекувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.