| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците во Јужна Србија се обидоа да урнат црква

Според претседателот на општинското собрание Скендер Дестани српската влада покажала дека не ги сака Албанците во Прешевската Долина. Тој рече дека со помош на меѓународната заедница ќе бараат да имаат исти права како Србите на северот од Косово

Албанците од југот на Србија денеска ќе одржат протест во Прешево поради отстранувањето на споменикот на припадниците на ОВПМБ во тој град, јави „Дојче веле“. Британската амбасада жали за едностраната одлука да се отстрани споменикот.

Единствениот албански пратеник во српското собрание Риза Хаљими рече дека Србија продолжува да ги решава проблемите со насилни средства, а не со дијалог.

– Заедничкиот став на сите политички лидери е да истраеме во остварувањето на легитимните индивидуални и колективни права на Албанците од Прешевската Долина – рече Хаљими.

Според претседателот на општинското собрание Скендер Дестани, српската влада покажала дека не ги сака Албанците во Прешевската Долина. Тој рече дека со помош на меѓународната заедница ќе бараат да имаат исти права како Србите на северот од Косово.

Поранешниот државен секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ оцени дека на протестите на Албанците не се очекуваат поголеми проблеми. Според него, претставниците на Албанците од југот на Србија неодамна ја посетиле Приштина, но таму не добиле порака дека имаат поддршка за спорното прашање со споменикот. Тој смета дека поставувањето на споменикот е направено за да се сврти вниманието на јавноста и меѓународната заедница на проблемите на Албанците од југот на Србија. Затоа, тој вели дека сега е моментот државата за тоа и да преговара.

Во изјава за Танјуг, претседателот на општината Ѓаковица, Ѓокица Станоевиќ вели дека Албанци се собрале синоќа околу 20 часот заради протест против отстранување на споменик во Прешево, а дел од нив се обиделе да го нападнат манастирот Успение на пресвета Богородица, но биле спречени од полицијата и меѓународните сили за безбедност.

Станоевиќ изјави дека дел од демонстрантите тргнале кон манастирот, но обидот за напад го спречиле сили на косовската полиција и КФОР.

– Манастирот сега го обезбедуваат големи сили на косовската полиција и КФОР однадвор и однатре – изјави Станоевиќ, додавајќи дека ситуацијатас е смирила по 22 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top