| четврток, 6 декември 2018 |

Момче падна од зграда и го скрши ’рбетот

15 годишниот М.С. од Бор се здобил со тешки повреди во пределот ’рбетот, скршеница на четвртиот ’рбетен пршлен при падот од 4 кат.

Несреќата се случила на забава во стан, на седмиот кат на една зграда, каде едно момче се спуштило од олукот до подножјето на зградата, М.С. тргнал по него, меѓутоа не успеал да се задржи и паднал од 4 кат, пренесува Новости.

Несреќното момче со тешки скршеници е пренесено во спиналниот центар во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top