Северина која неодамна го промовираше видеото за темата “Силикони” некаде кон почетокот на октомври ќе го објави новиот албум, а во меѓувреме паралелно работи и на пишување на песни за албумот на нејзиниот свекор, Драган Којиќ – Кеба со кој е во добри односи и како шро вели, го доживувала како втор татко.
– Работам на новиот албум и некаде кон почетокот на есенва би требало да излезе. Досега имам испеано околу 25 демо снимки и се уште се немам одлучено кои песни ќе ги ставам на цеде, а кои не. Со оглед на тоа што не пишувам за мене, решив да напишам неколку текста за мојот свекор, а дел од нив ќе се најдат на неговиот нов албум кој, исто така, треба да излезе наскоро. Кеба го доживувам како втор татко и многу сум среќна што успеав да сработам нешто и за него, изјавила Северина која во недела ќе го затвори фестивалот “Гуча” во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фото од минатото – Како изгледале пред 23 години Цеца, Кеба и Ана Бекута
-
Доказ дека не се скарани: првиот Божик на Северина со свекорот Кеба (фото)
-
Фотографиите на свекорот Кеба од младоста се причина да ја заборавите свадбата на Северина и Игор
-
Свекорот Кеба од утрово со пари ги кити трубачите: Ја чека снаата Северина (фото)