Жители на Стајковци објавија фотографии како претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на целиот ден непосредно им помагал во расчистувањето на псоледиците од катастрофалното невреме кое во саботата го зафати скопскиот регион.
Од објавените фотографии на локални жители може да се забележи како Груевски рамо до рамо со настраданите во поплавите дејствувал во насока на чистење на калта, вадење на оштетен мебел и друга покуќнина од поплавените домови.
–Немаа камери, ама јас ги фатив. Браво, вакви луѓе ни требаат, напишала една од жителките на Стајковци на социјалните мрежи.
–Вака се работи на терен заедно со граѓаните!!!, Денес во Стајковци, секоја чест, напишаа други жители кои ги објавија фотографиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница