| четврток, 6 декември 2018 |

Нови крвави напади: Најмалку 10 мртви во околината на Багдад

bagdad

Претставници на ирачките власти соопштија дека во два напади во околината на Багдад загинале најмалку десет луѓе. Полицијата информираше дека во самоубиствениот напад во градот Латифија загинале четворица цивилил и тројца војници. Бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот на контролен пункт на ирачката армија.Латифија се наоѓа на околу 30 километри јужно од Багдад.

Во југоисточното предградие на Багдад, Нахраван при експлозија на бомба загинаа тројца цивили, а 12 се повредени.

Се уште ниту една група не презеде одговорност за нападите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top