Мобилните линии од „Македонски телеком“ се во функција во регионите погодени од невремето. Како што соопштија од компанијата, екипите се постојано на терен и сеуште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални.
– Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија. Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар, се истакнува во соопштението.
Од компанијата апелираат до граѓаните при појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст