Од денеска во билетарниците на ЈСП не можат да се купат хартиените билети за 10 возења. Точно 20 дена пред истекот на важноста претпријатието ги повлече од продажба овие билети што чинеа 250 денари. Граѓаните кои се уште имаат кај себе вакви билети ќе мора да ги искористат најдоцна до 1 септември, кога стартува електронската наплата во јавниот градски превоз кон која се приклучуваат и приватните превозници; пишува Утрински. Со тоа хартиените билети заминуваат во историјата, а во иднина возењето во автобусите низ градот ќе биде само со електронска картичка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст