| четврток, 6 декември 2018 |

Златна алка стара 3.000 години продадена за 800.000 долари

Алка од чисто злато стара околу 3.000 години беше продадена за над 800 илјади долари, што за десет пати ја надмина нејзината првична процена, соопштија организаторите на аукцијата во „Кристи“.

Експертите го датираат овој украс кој тежи речиси еден килограм, за околу првиот милениум пред новата ера.

Првично вредноста се проценуваше на 62 – 93 илјади долари и ја поседуваше приватен колекционер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top