Компанијата „Орка холдинг“ АД Скопје и фондацијата „Илија Камчев“ изразуваат длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од катастрофалните поплави кои се случија во Скопје и околината на 6 август 2016 година.
„Орка холдинг“ преку Фондацијата „Илија Камчев“ ќе донира 3 милиони денари за жртвите и тешко повредените граѓани кои останаа без или со руинирани домови од катастрофалните поплави.
Еден милион од средствата ќе бидат донирани на сметката на фондот на солидарност на Црвениот Крст на Република Македонија.
Како грижа кон своите вработени, останатиот дел од донацијата во висина од два милиони денари компанијата ќе ја насочи директно на лицата чии домови претрпеа штети од страотните поплави, а се вработени во компаниите на „Орка холдинг“.
Групацијата, која има повеќе од 3700 вработени е во фаза на изготвување список на погодените лица, на кои во текот на идната недела средствата ќе им бидат исплатени на нивните лични сметки. Списокот на увид ќе биде доставен до Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст