| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија додели 500 илјади евра помош за Македонија

Австрија ќе додели 500.000 евра помош на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и на македонскиот Црвен крст.

Средствата треба да да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.

„Се подразбира дека Австрија како партнер ѝ помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме на цедило“, порача Курц во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top