Јавното сообраќајно претпријатие ги известува граѓаните на Скопје дека сите линии кои водат до местата погодени од катастрофалната поплава поради оштетените коловози и непроодните патишта од денеска повторно ќе бидат во функција. Во соопштението на ЈСП се вели:
Се известуваат патниците дека почнувајќи од среда, редукциите на линиите кои беа направени заради оштетен коловоз и непроодност на повеќе патни правци повеќе нема да важат и тоа:
– линија 65В ќе сообраќа по обиколница до клучката за с.Страчинци;
– линија 65 ќе сообраќа по обиколница до с.Раштак ;
– линија 65а до с. Страчинци нема да сообраќа, патот е сеуште непрооден;
– линија 65б до с. Смилковци ќе сообраќа само со минибус;
– линија 55а од с. Брњарци ќе сообраќа до крај;
– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци ќе сообраќа нормално;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.