| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак

хороскопЗодијакот често може да помогне да се свртиме кон себе – кон нашите маани и несовршеностите. Изгледа дека ѕвездите знаат многу за нас од нашите блиски.
Ова се негативните аспекти на хороскопските знаци.
Овен (21 март – 19 април)
Тие се доминатни и шефовски настроени личности кои многу често се однесуваат арогантно. Сите нивни карактеристики ги прават добар лидер, но кој понекогаш е премногу борбен и нетрпелив. Родените во овој знак обожаваат да се расправаат и покажуваат голем отпор кон следењето наредби. Нивната омилена реченица е : Сакам сега!
Бик (20 април – 20 мај)
Од една страна, родените во овој знак се трудољубиви и одговорни работници, но од друга страна пак се тврдоглави, хаотични и особено мрзеливи. Тие имаат голема желба за пари и огромен апетит за многу нешта, но не сакаат да работат за тоа. Тие не се грижат за тоа дали има редица автомобили позади нив : ќе одат бавно колку што сакаат, смеејќи им се на идиотите кои се нервираат позади нив.
Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Некои велат дека дуалноста на нивната личност е шармантна, но други пак сметаат дека тие се дволични. Близнаците се нервозни, нефокусирани и мошне брзо го губат интересот. Тие често се однесуваат и малку незрело.
Рак ( 21 јуни – 22 јули)
Раковите се многу чувствителни и луѓето околу нив се чувствуваат како да минуваат низ минско поле, никогаш не знаејќи што може да ги натажи или изнервира. Честата промена на расположението е нешто што сите околу нив го очекуваат во текот на денот.
Лав (23 јули -22 август)
Сите теми мораат да бидат околу нив. Тие се плитки, свртени кон себе и бараат внимание. Живеат за да бидат пофалувани од другите луѓе и во разговорот поставуваат само прашања кои се насочени кон нивната омилена тема: јас.
Девица (23 август – 22 септември)
Родените во овој знак се познати како лицемерни перфекционисти. Најнегативниот аспект од нивната личност е способноста да паметат многу нешта и да го споменат минатото кога и да посакаат, а особено за негативни теми. Тие сметаат дека се над другите луѓе, бидејќи често ги гледаат туѓите недостатоци, но не и своите.
Вага (23 септември – 22 октомври)
Тие се плитки, вештачки и потребно им е одобрување од другите луѓе за многу нешта кои ги прават. Многу тешко донесуваат одлуки и за нив и најобичната и најмала одлука ги вади од такт другите околу нив.
Скорпија (23 октомври – 21 ноември)
Тие се луѓе кои сакаат да контролираат, имаат многу барања од другите луѓе и се одмаздољубиви. Тие мразат промени и се држат до сите лоши нешта (вистински или измислени) кои сметаат дека им се направени. Простувањето не е опција за нив.
Стрелец (22 ноември – 21 декември)
Зборот „сезнајко“ веројатно е измислен за родените во овој знак. Тие се директни и понекогаш дрски и ретко ги покажуваат своите чувства, што ги прави нивните навреди уште поболни.
Јарец (22 декември – 19 јануари)
Грижењето е нивната омилена активност, дури и кога нема никаква потреба за грижи. Тие се ригидни, студени и немаат проблем да ги искористат луѓето за да го добијат тоа што го сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top