| четврток, 6 декември 2018 |

Големи промени во Лигата на шампионите: Ексклузивен клуб на богатите

UEFA-logoУЕФА планира големи промени во форматот на Лигата на шампионите кои би се спровеле од 2018 година. Од нив најголем бенефит ќе имаат најголемите клубови како и најквалитетните првенства. Помалите клубови скоро и да нема да имаат можност да се пласираат во ова натпреварување, кое ќе се претвори во ексклузивен клуб на богатите.

Според планот за овие промени, по две години најквалитетните четири лиги во Европа (Шпанија, Англија, Германија и Италија) ќе имаат по гарантирани четири позиции, а земји како Португалија, Русија и Франција ќе имаат по двајца претставници. По една екипа ќе имаат земјите кои следат на УЕФА ранкингот, а тоа се Украина, Турција, Белгија, Холандија и Швајцарија. Останатите неколку позиции ќе им припаднат на сите преостанати европски клубови, а тоа значи дека пласманот во Лигата на шампионите ќе стане крајно тешка задача, а квалификациите за преостанатите пет места ќе бидат сложени и тешки.

Ова би можело да се реши веќе на конгресот на УЕФА на 14. септември во Атина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top