| четврток, 6 декември 2018 |

Црвен крст: За три дена дистрибуирани 5.500 пакети со храна

crven-krst-pomos-25181

Во текот на изминатите три дена, тимовите на Црвениот крст на РМ дистрибуирале 5.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња, 210 килограми облека, соопштија од Црвениот крст.

Информираат дека се укажани и 36 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст, а во целата операција вклучени се 80 лица, волонтери и стручна служба на Црвениот крст, седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

– Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ „Наум Наумовски Борче”, се истакнува во соопштението на Црвениот крст.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. На сметката до сега се собрани 5.151.486 денари, а од донирање по 100 денари со повик на 075/070/077 143 400  се собрани 7.910.000 денари со повик на телефоните.

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top