| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ и Шешељ распалија со „пелени“ за време на изборот на нова влада

Vucic-prilazi-govorniciЗа време на експозето во парламентот, мандатарот за новата српска влада Александар Вучиќ и Воислав Шешељ, лидерот на радикалите, влегоа во вербален дуел. Денеска попладне почна седницата на српскиот Парламент на чиј дневен ред е изборот на нова влада и полагање заклетва од премиерот и министрите, иако дел од опозицијата побара таа да биде одложена, пренесоа српските агенции.

Шешељ го праша Вучиќ колку  страници има експозето.

Вучиќ го прекина говорот и посочи дека во тој еден час читање изнел само околу 8 проценти од експозето, односно дека ќе чита до 1 часот по полноќ.

Притоа на дофрлувањето на Шешељ, Вучиќ додаде дека ако на лидерот на радикалите има потреба од „памперс“, нему не му требаат.

-И нема да седам, јас ќе стојам- додаде Вучиќ, кој повтори дека нема шанси да заврши во пристојно време со експозето па ќе „претрча“ низ неколку страници, а преку собраниските служби до пратениците ќе го достави целиот текст од 260 страници.

Seselj-u-SkupstiniПовторно Шешељ дофрли дека ако треба ќе седи во парламентот и два дена, па Вучиќ повторно не остана покус.

-Знам, стигаат пелените- му дофрли на Вучиќ на Шешељ.

Откако премиерот Александар Вучиќ го почна своето експозе, дел од пратениците на опозицијата – од Демократската партија, Демократската партија на Србија и движењето „Доста беше” ја напуштија парламентарната сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top