Францускиот пливач Камил Лакур влезе во дискусија околу допингот во олимписките базени, тврдејќи дека новиот шампион на 200 метри слободно, Кинезот Сун Јанг е допингуван.
Лакур, кој беше само петти во финалето на 100 метри по победата на Сун, тврди дека пливањето станува слично на атлетиката со „двајца-тројца допингувани во секое финале“.
Сун, кој отслужи тримесечна суспензија во 2014 година за позитивен тест на стероидот триметазин, кој наводно го земал за проблеми со срцето, но Лакур не го гледа тоа како оправдување.
– Сун Јанг, па тој моча розево! Кога ќе го видам на подиумот на 200 метри ми се лоши. Повеќе сакам да ја паметам публиката што навиваше. Жал ми е што мојот спорт стана ваков. Се надевам дека ФИНА ќе направи нешто и ќе го сопре масакрот – изјави лутиот Лакур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.