| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и министрите на терен во поплавените подрачја: Сите пумпи уште денеска ќе се стават во функција

Сите нови пумпи за испумпување на водата уште денеска ќе бидат ставени во фуунција, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната средба со жителите на поплавените подрачја.

gr-dz

Владата набави нови 1.180 пумпи, од кои дел веќе се на терен. Останатите како што ќе пристигнуваат така ќе се ставаат во функција. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) досега имаше околу 85 пумпи.

Најзагрозени подрачја се Стајковци, Ченто, Сингелиќ, Страчинци, Булачани, Виниче, Црешево, Камник, Раштански Пат и други. Освен ДЗС, на терен се и министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како и останати субјекти кои можат да ни дадат одредена помош. Надлежните максимално се грижат прво да ја санираат инфраструктурата бидејќи има срушено многу патишта.

teren

Надлежните постојано ќе бидат на терен се додека не се врати состојбата во нормала, по улиците и во куќите. Ангажирани тимови кои се потребни за работа со механизација и со пумпите кои се поставени во најважните точки. Во моментов има околу 250 возила и механизација на Дирекцијата и од одредени градежни фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top