| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот по скопската обиколница сè уште е во прекин

Сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај сè уште е во прекин.

-Од 6 август 2016 година поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзино расчистување – стои во извештајот од АМСМ.

Сообраќајот на сите други државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Посебно да се внимава низ клисурите, каде што постои можност за појава на одрони, кои наместа може да го спречат движењето на возачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top