ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на ставот дека медиумите не смее да бидат цензурирани и не смее да се казнува за искажан став или мислење, велат од владејачката партија.
– Најдобра регулација на медиумите е од луѓе кои се директно од фелата. Поради тие причини во консултации со најголемата асоцијација на новинари МАН, побаравме да достават свои предлози кои потоа ги испративме до АВМУ. Во согласност со договорот постигнат меѓу партиите кој потоа беше вграден и во Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов за членови во ад хок телото на Советот за радиодифузија- велат од партијата.
Оттаму нагласуваат дека станува збор за долгогодишни новинари, уредници, дописници кои со својата работа дале значаен придонес во медиумите.
Трпеноски и Костовски кандидати на СДСМ
Горан Трпеновски од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, заедно со Димишкова и Чилиманов се четворицата членови на ад хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена. Секоја од четирите партии треба да предложи свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст