Кога во седумдесеттите години се преселиле од Вараждин во Канада, родителите на Роберт Херјавец со себе понеле само еден куфер. Четири децении подоцна, тој води деловна империја, има богатство од 200 милиони долари и живее во Беверли Хилс. Додека седи во својот стан вреден три милиони долари, а пред него се клучевите од неговото „ферари“, 52-годишниот Роберт Херјавец на прв поглед дејствува како некој што не знае што значи да се биде гладен. Меѓутоа, овој успешен бизнисмен се уште се сеќава на детството минато во Хрватска и преселбата во Канада.
– Го напуштивме домот со еден куфер и дојдовме во странска земја во потрага по подобар живот, иако никој од нас не знаеше ниту збор на англиски – изјавил Херјавец за „Блиц“.
Според пишувањето на хрватските медиуми, неговото семејство било принудено да се пресели од земјата, бидејќи неговиот татко не можел да се вработи поради „критикувањето на Титовиот режим“.
Среќата на Хејравец му се насмеала неколку децении подоцна, кога се јавил на оглас во компанијата ИБМ и се понудил шест месеци да работи бесплатно. Во исто време бил келнер за да се прехрани, а полека напредувал во светот на технологијата.
Подоцна ја основал компанијата „БРАК системс“, која потоа ја продал на гигантот „АТиТ“ за 30 милиони долари. Денес е директор на „Хејравец групацијата“, еден од светските лидери на полето на безбедноста на интернет.
Тежок е околу 200 милиони долари, а покрај станот во Калифорнија, поседува и вила во Онтарио вредна седум и пол милиони долари. Тоа е најскапата куќа во цела Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.