| четврток, 6 декември 2018 |

Рио го тресе нов секс-скандал: Знаменосецот на Намибија заврши во затвор

Боксерот од Намибија Џонас Џинијус е уапсен во Олимпиското село во Рио де Жанеиро поради обид за напад на собарка. Таа го обвинила спортистот дека ја зграбил и дека се обидел да ја бакне, како и дека ѝ понудил пари за секс, јавува „Би-Би-Си“

Тој го носеше знамето на Намибија на церемонијата на отворањето на ОИ.

Знаменосецот е веќе втор боксер во Олимпиското село, кој е уапсен поради слични престапи.

Мараканскиот боксер Хасад Сад е уапсен во петокот поради обид за напад на две собарки.

Одреден му е притвор од 15 дена, што значи дека нема да се натпреварува на ОИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top