Според една од новите студии објавени во публикацијата „Бритиш џурнал оф психолоџи“, да бидеш љубезен и фин е една од посекси особините кои едно лице може да ги има.
Во студијата учестуваа 300 учесници кои биле детално испитани за алтруистичките особини и активности, како што се подготвеност за волонтирање, дарување крв, учество во хумантирани акции и слично и за бројот на сексуални партнери кои ги имале.
Тие што биле алтруистички настроени имале повеќе сексуални партнери од оние кои не покажувале слични особини.
Се разбира, студијата треба да се земе со резерва бидејќи има многу луѓе кои сакаат за себе да мислат дека се подобри отколку што се и им недостига критички осврт за сопствените дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.