Автомобил „шкода“ утрово се забил во скелињата поставени на местата каде што се вршат градежни работи во зградите спроти „Рекорд“ во центарот на Скопје.
Возилото е целосно искршено. Иако оваа сообраќајка ги собра сите љубопитни минувачи, досега никој не ја пријавил во полиција, велат од СВР Скопје за „Република“.
Нема информации за повредени, ниту детали како дошло до овој силен судир бидејќи увид на местото засега не е направен. Според неофицијалните податоци, повреден е само возачот, кој е пренесен во болница.
Фото:Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.