-Ни јавија од капелата, некој го пронашол и таму го однел телото на Ендрит. Не знаеме кој, ни како било, ни што било – раскажува за „Дневник“ дедото Шаби Синани од Сингелиќ за својот шестгодишен внук, кој исчезна во поплавата и по кого се трагаше од саботата вечерта.
– Завчера соседите ни раскажуваа за потрагата по малиот, за тоа дека неколкуте деца од семејството биле заробени во автомобилот, кој се полнел со вода, и дека таткото успеал да ги спаси сите, освен Ендрит. Всушност, вујкото ги спасуваше децата, таткото е во Австрија и го чекаме да дојде секој момент – ни појаснува Синани.
Момчето исчезна пред три дена, во стравотната поплава цела населба се крена на нозе во потрага по малиот Ендрит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.