| четврток, 6 декември 2018 |

Јадеме секакво месо, дури и заболено од рак!

Во Македонија јадеме месо од добиток заболено од рак! Месото што се пушта во малопродажба кај нас, дури и да го има поминато легалниот пат на процесот на производство, не е секогаш од здрави животни, пишува денешниот број на дневниот весник „Вест“.

Како што пишува „Вест“ некои од животните имаат рак на црн дроб, други на цревата и на другите внатрешни органи или, пак, се заболени од леукозни и од туберкулозни болести. При колењето им се отстрануваат заболените органи и се уништуваат, а другите делови што не се зафатени од друга болест се пуштаат во промет.

Според извештајот на Агенцијата за храна и за ветеринарство, за заклани животни и добиено месо лани ветеринарните инспектори во легалните кланици во државава конфискувале повеќе од 481 тон заболени дропчиња и цели трупови. Најмногу неупотребливо месо и органи имало кај свињите и кај прасињата, повеќе од 48 тони. Закланите телиња биле речиси здрави, со само 151 килограм неупотребливо месо и органи, а од говедското нездрави биле повеќе од три тона од месото и од внатрешните органи.
Онколози за „Вест“ информираат дека не постои медицински доказ за тоа дека може да се добие рак ако се јаде заболено месо, но истовремено велат дека не постои ниту студија што го негира тоа. Тие апелираат да не се купува месо заклано по дворови, зашто тоа не го  видел ни иснпектор, ниту пред колењето некој ветеринарен доктор го прегледал животното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top