Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев денеска го посети Стајковци, каде што заедно со министерот за труд и социјала Диме Спасов ги посетија местата погодени од тешкото невреме и поплави.
Димитриев повика фирмите да ги ослободат од работа сите жители од настраданите подрачка, додавајќи дека институциите нема ништо да загубат со ова нивно привремено отсуство.
Премиерот апелира до населението да ги пушти волонтерите и војниците да ја завршат својата работа, бидејќи има дел од населението што не ги пушта плашејќи се тоа да не донесе погрешни резултати во процените.
– Сега е важно прво војниците и волонтерите да се пуштат да ја завршат својата работа, да се исчисти целиот неред и да се спречи ширењето на болести. Комисиите за процена ќе поминат во секој случај – изјави премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.