| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Не е време за критики и сликање, време е за конкретна помош на граѓаните

zoran zaev

Претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска ги поседи скопските населби најпогодени од завчерашното невреме, апелира секој од граѓаните да им помогне на локалните жители со она што може – вода, храна, хигиенски средства, пари,…

Не е време, нагласи Заев, ниту за критики, ниту за какви било други активности или сликање, туку е време за конкретна помош на населението.

– Општинските институции на Куманово, Струмица и Центар ги ставаат своите ресурси целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на градот Скопје и штабот на општина Гази Баба, во функција на координирано и организирано помагање. Сите наши активисти од СДСМ кои се овде, со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци. Продолжуваме утре во Булачани, Црешево и на други места. Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, вода и прехранбени продукти кои ќе бидат поделени овде во регионот, нагласи Заев.

Лидрот на СДСМ потенцира дека се работи за искусни луѓе кои ги знаат точните локации за помош и се работи на конкретно испорачување пакети во погодените домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top