| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски велемајстор: Со уплатени 440 денари, добил 135 илјади евра

tiket

Жител на Пробиштип уште долго ќе го памети датумот 6 август затоа што на тој ден успеал да добие неверојатни 135 илјади евра. Тој со вложени 440 денари погодил цели 30 натпревари од најразлични делови од светот, Јапонија, Англија, Швајцарија, Германија, но и Хрватска, Србија… Ливчето е уплатено во Пробиштип, а добивката е апсолутен рекорд на овие простори, со оглед на тоа што станува збор за сума од над осум милиони денари.

Најмногу неизвесност имало на дуелот Динамо Дрезден – Нинберг затоа што изедначувачкиот погодок за 2+, како што го имал типувано овој натпревар среќниот Македонец, паднал во судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top